Словенечките лекари штрајкуваат барајќи преговори со владата

Словенечките лекари денеска стапија во еднодневен штрајк барајќи натамошни преговори со владата за платите.

„Преморени сме, уморни сме, си ги запоставуваме семејствата“.

Синдикатот „Фидес“ одлучи да штрајкува откога владата на Словенија не одговори на повикот за разговор, пренесува агенцијата СТА.

Словенечката министерка за здравство, Валентина Преволник-Рупел, во соопштение рече дека штрајкот е непотребен.

Таа смета дека разговорите би можеле да почнат денеска и дека договорот може да биде постигнат многу бргу.

Додаде дека владата на Словенија сака конструктивно да пристапи кон разговорите за да се избегне ескалација бидејќи „Фидес“ би можел да почне целосен штрајк на 15 јануари.

Треба да знаете
Последни објави