Јован и Јован ќе ги мерат силите во Струга за пратеници?

Во опозициските кругови во Струга на големо се зборува за можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за пратеници на претстојните избори.
Извори од опозициската партија наведуваат дека Јован Јаулески од Струга ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во петтата изборна единица на висока, добитна позиција.

Од овој град сигурен кандидат на СДСМ е координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески за кој се шпекулира дека е и можен носител во петтата изборна единица.

Во другите изборни единици лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде носител во ИЕ1 а таму носител ќе биде и Димитар Ковачевски од СДСМ.

Како што јавуваат некои медиуми во ИЕ носител од ВМРО-ДПМНЕ би бил Владо Мисајловски а во ИЕ4 тоа би бил Александар Николоски.

Сепак, двете најголеми партии најавија дека по празникот Водици ќе влезат во завршница на официјализирање на пратеничките листи.

Треба да знаете
Последни објави