Тројца членови на Хезболах загинаа во израелски напад во јужен Либан

Тројца членови на Хезболах загинаа денеска во израелски напад врз нивното возило во градот Гандурие во јужен Либан, изјавија за новинските агенции два извора запознаени со операциите на организацијата.

Истите извори веднаш не ги идентификуваа убиените. Израелската војска во понеделникот уби висок командант на Хезболах во напад во јужен Либан.

Израел официјално не ја коментираше операцијата, само министерот за надворешни работи Израел Кац синоќа за ТВ Канал 14 изјави дека земјата стои зад неа. 

Треба да знаете
Последни објави