Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица.
Вкупниот број на должници е 5. 573 од кои 1. 857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74.
Вкупниот нето долг изнесува 10. 108. 704. 233 денари, што е повеќе за 1. 054. 342. 622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9. 925. 148. 873 денари, (повеќе за 1.078. 256. 547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183. 555. 360 денари (помалку за 23. 913. 925 денари од претходната листа).
Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.