Поучни цитати од милијардери кои сами стекнале огромно богатство

Постои разлика меѓу тоа да наследиш огромно богатство од своите родители и да го стекнеш сам. Луѓето од втората категорија се соочуваат со многу тешкотии на патот до него, но успеале да ги надминат.

И затоа треба да ги знаеме и следиме нивните зборови. Инспирирајте се со овие цитати на некои од најпознатите милијардери.

-Марк Цукерберг, основачот на Facebook: „Целта никогаш не била само да создадам компанија. Сакам да направам навистина голема промена во светот.“

-Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway: „Ќе ви кажам како да се збогатите. Бидете претпазливи кога другите се алчни. Бидете алчни кога другите се претпазливи“.

-Еван Шпигел, творец на Snapchat: „Не сакав да го продадам бизнисот. Многу малку луѓе имаат можност да создадат нешто. Само да го продадам за мене не е интересно.“

-Опра Винфри: „Причината да бидам толку финансиски успешна е дека фокусот никогаш, дури ни за една минута не хо ставав на парите.

-Џеф Безос, шеф на Amazon: „Мислам дека штедливоста ги стимулира иновациите. За да излезеш од тесна кутија, треба да си пронајдеш излез.“

-Џек Ма, шеф на Alibaba Group: “Да правиш пари е лесно. Но да стекнеш одржливо богатство и во исто време да си одговорен пред јавноста и да се обидеш да го подобри светот – тоа е веќе тешко.

-Мајкл Дел, извршен директор на Dell: „Треба да си составите стратегија пред да градите структура на бизнис. Ако го плеткаш редоследот, ќе пропадне.“

Треба да знаете
Последни објави