Спасовски во тридневна посета на САД, ќе се сретне и со Џејмс О’Брајан

Во следните три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе предводи делегација од МВР во работна посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави, објави министерот на социјалните мрежи.

За време на посетата, Спасовски ќе се сретне со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, како и со Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот Обвинител на САД.

Спасовски ќе има работни средби и со Тод Робинсон, помошник државен секретар на САД, Биро за прашања поврзани со спроведување на законите и илегална трговија со наркотици, Боб Паскал, Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи во Одделот за внатрешна безбедност Натаниел Фик амбасадор за сајберпростор и дигитални политики, конгресменките Клаудија Тени и Лиса МекКлејн, како и со претставници од Бордот на Директори на Обединетата Македонска Дијаспора.

Министерот ќе има свое обраќање на прием во организација на претставници од дијаспората кои живеат и работат во САД по повод божикните празници, а ќе даде и интервју за Гласот на Америка.

Треба да знаете
Последни објави