Фудбалските федерации на Бразил и Аргентина денеска беа казнети од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради тепачка на навивачи пред нивниот квалификациски натпревар за Светското првенство во ноември.
Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Бразил со 50.000 швајцарски франци (59.000 долари) поради „необезбедување на одржување на редот и законот на стадионот Маракана“ во Рио де Жанеиро.
Аргентина е казнета со 20.000 швајцарски франци (23.000 долари) поради „недостаток на ред и дисциплина на или околу стадионот“.
На Аргентина и беше наредено да потроши 50.000 швајцарски франци за програми за образование против дискриминација поради недолично однесување на навивачите на претходните два натпревари од квалификациите за Светското првенство.
Поради тепачка меѓу навивачите на Бразил и Аргентина, натпреварот во ноември доцнеше 27 минути. На тој натпревар Аргентина победи со 1:0.
Аргентина е на првото место во квалификациската група, а Бразил е на шестата позиција.