Франција рестартира електраната на јаглен поради студот

Поради студен бран, Франција привремено рестартираше електрана на јаглен на североисток, во близина на германската граница, пренесе ДПА.

Електраната во градот Сен-Аволд, која беше исклучена од мрежата во 2022 година, е повторно активирана за да се задоволи зголемената побарувачка на енергија, изјави шефицата на францускиот енергетски регулатор (CRE) Емануел Варгон за телевизијата Франс Инфо.

Франција сè уште има две електрани на јаглен кои се подготвени да почнат со работа, рече таа.

– Затворивме две електрани на јаглен, а останаа уште две кои работат кога навистина ни требаат, неколку часа годишно, додаде Варгон.

Таа истакна дека ако Франција увезе електрична енергија од Германија наместо да реактивира локални постројки, тоа исто така може да биде енергија произведена од јаглен.

Минатата година, 0,1 отсто од француското производство на електрична енергија сè уште беше произведена од јаглен, рече Варгон.

Електраната Емил-Хушет во близина на германската граница последен пат накратко беше во функција пред околу една година, јави весникот Le Républicain Lorrain.

Со цел електраната да остане во функција, околу 100 вработени кои првично беа отпуштени беа повторно ангажирани и се инвестираше во одржување.

Варгон рече дека електраната ќе биде претворена постројка со во биомаса до 2027 година. 

Треба да знаете
Последни објави