Една од најголемите ѕвезди во светот на филмот и голем хуманитарец, Анџелина Џоли, зачекори во светот на модата отворајќи ги вратите на својот прв малопродажен простор во Њујорк, во поранешниот дом на американскиот уметник Жан-Мишел Баскија.
Нејзиниот креативен бутик се простира на два ката, има соблекувална и соба за состаноци, а особено е интересно што својата модна приказна ја споила со гастрономски елементи, па, освен облека, посетителите таму можат да пијат турско кафе и да пробаат традиционални сириски пити во специјално уредено кафуле.
За време на реновирањето на просторот, тимот на Ателје Џоли посвети особено внимание на зачувувањето на интегритетот на познатата њујоршка куќа, па оставија недопрени бројни графити со кои обожавателите на споменатиот американски графитен уметник го осликаа неговиот дом.
Секој може да си направи свое парче облека
Интересното што го истакнува нејзиниот тим е можноста парчето облека да се приспособи на секој муштерија, во што ќе им помогнат студенти по уметност обучени за кроење и шиење. Цените варираат, но секој може да најде нешто за себе.
На пример, цената на три палта со три сменети јаки е околу 525 евра, а достапни се и едноставни бели маички, кои исто така можат да се прилагодат на желбата на купувачот, по цена од околу 114 евра.
Дополнително, клиентите можат да си понесат сопствено винтиџ парче, а експертите во бутикот ќе го приспособат според нивните желби.
Во кафулето работат луѓе на кои очајно им треба работа
Главната цел е да се понуди можност за креирање, имплементација на идеи во пракса, како и поврзување на младите креативци и занаетчии со потенцијалните клиенти. Тоа е место за експериментирање, кое се гордее со одржливоста со користење на неискористени или винтиџ материјали за да и даде втор живот на облеката, напиша Џоли на својот Инстаграм профил.
Целата приказна има и хуманитарна нота. Бегалци и имигрантите ќе работат како готвачи и келнери во кафулето, за да можат да си создадат подобри услови за живот, а во интервју за The Wall Street Journal, Анџелина јавно проговори како таа лично нема да заработи многу од својот нов проект.