Возач на автобус на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) во Белград денеска е повреден и пренесен во болница кога возилото излетало од патот и удрило во куќа во белградската населба Ритопек, објави Танјуг.
Несреќата се случила околу 6 часот и 50 минути, кога автобусот излетал од патот, ја пробил ограда и удрил во настрешницата на куќата.
Во возилото во моментот на инцидентот немало патници, а возачот бил пренесен во Воено медицинскиот центар во Белград.