Голманот Костадин Захов по точно осум години во таборот на тетовчани го напушти клубот. 36-годишникот го прекина договорот со Шкендија и ќе побара нов ангажман во пресрет на пролетната полусезона. Од минатата зима наваму Захов падна во втор план во Шкендија зад младиот Давор Талески, а сега на негово место во голманското трио влегува Астрит Амзаи кој беше на позајмици во Гостивар и Тетекс.
Захов со Шкендија освои три шампионски титули, два Купа и имаше 115 натпревари без примен гол.
Прволигашот од Чаир, Шкупи како најновото засилување го промовира Дарко Додев кој во изминатиов период го носеше дресот на албанска Влазнија.