ИКЕА го повлекува USB полначот Åskstorm 40W поради ризикот од термички изгореници и електричен шок и ги повикува сите клиенти да престанат да го користат производот и да контактираат со IKEA за целосна наплата.
Станува збор за ÅSKSTORM 40W USB темно сив полнач, број на производ 504.611.93.
„Безбедноста е најголем приоритет на ИКЕА и затоа го повлекуваме USB полначот на Åskstorm 40W во темно сива боја, како резултат на ризикот од термички изгореници и електричен шок предизвикан од истрошеноста на каблите за напојување.
ИКЕА ги развива своите производи со ригорозна програма за проценка на ризикот и тестирање за да се обезбеди дека производите ќе ги исполнат сите важечки закони и норми на пазарите на кои се продаваат. Па така, дознавме дека кабелот за напојување на темно сивиот Åskstorm 40W USB полнач може да се оштети или да пукне доколку биде завиткан околу полначот или доколку се витка напред и назад по подолг период на употреба. Оштетениот кабел, пак, може да предизвика термички изгореници и електричен удар.
УСБ-полначот на темно сивиот Åskstorm 40W може да се идентификува со бројот на моделот ICPSW5-40-1, кој е на етикетата на задниот дел од USB полначот “, наведоа од ИКЕА.
Не ви треба сметка
УСБ полначот ÅSKSTORM 40W во темно сива боја може да се врати во која било продавница на ИКЕА и таму ќе добиете целосно враќање на платените пари. Доказ за купување (потврда) не е потребен.
ИКЕА се извинува за можните непријатности што може да ги предизвика ова повлекување, се додава во соопштението.