Поранешниот полски министер кој вчера беше уапсен започнува штрајк со глад

Мариуш Камински, поранешниот полски министер за внатрешни работи кој беше уапсен вчера, во денешната изјава рече дека е „политички затвореник“ и дека започнува штрајк со глад, пренесува „Гардијан“.

Камински и неговиот поранешен заменик Масиеј Вашик, двајцата членови на конзервативната партија „Право и правда“, беа осудени во декември на две години затвор за злоупотреба на власта за дејствија преземени во 2007 година. И двајцата инсистираат дека се невини.

„Гардијан“ наведува дека нивниот случај вчера добил драматичен пресврт кога двајцата политичари се засолниле во палатата на претседателот Анджеј Дуда пред да бидат уапсени.

Премиерот на земјата, Доналд Туск, рече дека претседателот ја попречил правдата обезбедувајќи им светилиште, објави „Асошиетед прес“.

Заменик-министерот за правда на Полска, Марија Ејчарт, ги отфрли обвинувањата на Камински и негираше дека тој и неговиот поранешен заменик биле политички затвореници, објави Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави