ЦУК: 1.690 повици на 112, пожарникари гаснеле запалени оџаци

Центарот за управување со кризи известува за примени 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 и за четири ПП интервенции врз запалени оџаци во последното деноноќие, при што едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа.

Од 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 41 %, а 59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 41,38%, кон Итната медицинска помош 48,01 %, кон пожарникарите 3,08%, а 1% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, на број 940 повици (заедно од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1 % со другите 59% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Центарот за управување со кризи потсетува и апелира за превентивно дејствување против пожари на оџаци, иако е во ек грејната сезона и тоа требало да се направи порано. Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле.

Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи.

Конкретно, денеска имаме извештај за четири такви интервенции во последното деноноќие, при што еден едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа, што за среќа бил брзо пријавен по што пожарникарите го изгснале.

Конкретно, пожарникарите од Прилеп во период од 12:10 до 13:00 часот, интервенирале на запален оџак на ул. „Крсте Петков Мисирков“ во Прилеп. Валандовските пожарникари во изминатото деноноќие имале една помала интервенција поради запален оџак и дел од поткровје во с.Јосифово. Пожарникарите од Охрид имале една помала интервенција на запален оџак на ул. „7- ми Ноември“ во Охрид и пожарникарите од Кавадарци во изминатото деноноќие имале една помала интервенција поради запален оџак на ул. „Јован Планински“ бр.3.

Треба да знаете
Последни објави