Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва во Дизелдорф од Франција со 39:29 на отворањето на 16. Европско првенство чиј домаќин до 28 јануари ќе биде Германија.
Против силниот противник, по 15 минути игра Македонија имаше предност од два гола (10:8).
Сепак, сѐ се промени откако францускиот селектор Жил побара тајм-аут, по што Франција почна да доминира на теренот.
На натпеварот блесна младиот Иван Џонов, кој постигна шест гола.
На 14 јануари во Берлин, Македонија ќе се сретне со Германија .