Професорка од Мисури е обвинета за силување на 16-годишен ученик со кој имала секс додека другите ученици „чувале стража“ – а таткото на момчето исто така се соочува со кривично дело затоа што ги одобрувал „вознемирувачките односи“.
Професорката по математика во средното училиште Лаки, Хејли Клифтон-Кармак (26) е уапсена во петокот во Гарден Риџ, Тексас, откако била „осомничена дека побегнала од државата Мисури“ за да избегне апсење, соопшти полицијата.
Наводите за сексуални злосторства извршени од Клифтон-Кармак првпат се појавија на 7 декември 2023 година.
Еден ученик ја пријавил наводната недозволена врска на службеник во училиштето, кој веднаш го контактирал Одделот на шерифот на округот Пуласки, покажуваат судските документи.
После тоа, сведокот им покажа на полициските лужбеници фотографии на кои се гледаат гребнатини на грбот на неговиот соученик кој рекол дека бил „изгребан од Хејли“, наводно при сексуален однос.
Сведокот тврдеше и дека наставничката по математика во минатото имала проблеми со училишните администратори бидејќи „била премногу блиска со учениците“.
Клифтон-Кармак често носела тесни или деколтирани кошули за да ги истакне градите и тесни хеланки кои го оцртуваа нејзиното меѓуножје, се вели во судските записи.
Сведок им рекол на истражителите дека жртвата била причината за „нејзиниот развод“ и дека „Хејли сакала развод затоа што нејзиниот сопруг бил фокусиран само на нејзиниот задник“, открива судскиот документ.
Детективите се соочиле со наставничката на 8 декември 2023 година, по наводите, а таа негирала дека имала сексуален однос со кој било ученик.
Полицијата го заплени нејзиниот телефон, но не можеше да пристапи до неговата содржина додека не беше издаден налог.
Откако добила пристап до телефонот на 22 декември, полицијата пронашла СМС пораки кои укажуваат на наводна врска помеѓу 16-годишниот ученик и наставничката, стои во судските документи.
По апсењето во Тексас во петокот, таа беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете (прв степен), сексуален однос со малолетник, сексуален контакт со ученик и злоупотреба на деца (четврт степен). Нејзината кауција беше одредена на 250.000 долари и таа чека екстрадиција во Мисури од затворот во округот Комал.
Во шокантен пресврт, ново обвинение е покренато против таткото на момчето, кој наводно им открил на другите дека знаел за недозволената врска на неговиот син со учителката.
Марк Крејтон беше уапсен во четвртокот под обвинение за загрозување на благосостојбата на едно дете.
Во средата, друг сведок откри дека на таткото на тинејџерот му било кажано за наводните злосторства, на што тој одговорил дека знаел дека Клифтон-Кармак и неговиот 16-годишен син биле во „сексуална врска“, според судските документи.
Таткото на тинејџерот е притворен со кауција од 50.000 долари.