Фудбалскиот прволигаш Работнички денеска ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Гоце Седлоски, кој ја презеде екипата во финишот од есенскиот дел, почнува да подготвува тим за пролетниот дел каде главна цел на „романтичарите“ ќе биде да се избори место за излез во Европа. По прозивката кој ја направи за играчите со своите соработници го одработија и првиот тренинг на теренот во Градскиот Парк. По загревањето во Скопје, експедицијата на „романтичарите“ ќе се пресели во Охрид, а потоа следи и главната фаза од подготовките која ќе се реализира во Хрватска, каде ќе бидат одиграни и четири пријателски натпревари.