Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 600.000 потрошувачи во повеќе од 10 сојузни држави на САД останаа без струја поради силните снежни бури на источниот брег, покажуваат податоците објавени од порталот Poweroutages.us.
Порталот наведува дека најзначајните прекини на струја се случиле во државата Њујорк, каде 140.000 луѓе останале без струја.
Според порталот, речиси 105.000 потрошувачи останале без струја во Пенсилванија, а повеќе од 66.000 во Северна Каролина.
Повеќе од 100.000 исклучувања беа пријавени во Њу Џерси и Мичиген.
Медиумите објавија дека смртни случаи биле пријавени во Северна Каролина, Алабама и Џорџија.
Повеќе од 1.500 летови се одложени или откажани до утринава во САД, објавија тие