Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се сретнал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а на средбата на Ахмети му било кажано дека со вакво ниво на корупција и владеење на правото, Македонија да не очекува влез во Европската унија.
Амбасадорот му укажал на Ахмети дека не смее да има политичко мешање во изборот на претседател на Врховниот суд.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишниот постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е во ризик низ политичкиот спектар.
Исто така, непотребното политичко влијание врз позицијата на Претседателот на Врховниот суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе добие силна реакција од Холандија“, напиша Јан Коп по средбата.