Врховниот суд на Калифорнија во вторникот, само еден ден ден откако Лиза Бонет (56) поднесе барање за развод од Џејсон Момоа (44) го потврди раскинувњето на бракот на поранешната двојка. Во барањето за развод на Бонет ги навела непомирливите разлики и како датум на нивната разделба го наведе 7 октомври 2020 година.
Како дел од нивниот договор за развод, на поранешната двојка им беше доделено заедничко правно старателство над нивната ќерка Лола (16) и синот Накоа-Волф (15). И Момоа и Бонет ќе бидат одговорни за здравјето, образованието и благосостојбата на нивните две деца.
Момоа и Бонет исто така ќе ги делат животните трошоци на нивните деца. Меѓутоа, ако едниот родител одлучи да патува со децата, „таа страна ќе биде одговорна за трошоците на децата за таквите патувања“.
И двајцата се откажаа од правото да бараат поддршка од брачниот другар.
Кога ја објавија својата разделба пред две години, Бонет и Момоа дадоа изјава во која меѓу другото наведоа: „ја споделуваат информацијата не затоа што мислиме дека е вредна за вести, туку за да можеме да го правиме тоа достоинствено и чесно додека одиме по нашите животи“.