На прашањето „Дали на Скопје му требаат уште споменици дивоградби, или пак модерни згради?“ – дел од граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, велат дека на Скопје не му требаат ниту уште споменици, ниту модерни згради. Според нив доволно се и властите треба да се насочат кон повеќе зеленило и игралишта за деца.
„Скопје има проблем со протокот на воздух“, „Скопје е веќе угушено во бетон“-вели една госпоѓа. Додека други сметаат дека на Скопје му требаат и облакодери, но „не треба да биде начичкано“. „Треба и високи згради, и убави, и модерни“,смета друга граѓанка.
На прашањето „Што мислите за враќањето на споменикот на Ќосето во Скопје“?- голем дел од граѓаните воопшто не знаат за споменикот, ниту пак за Ќосето, ниту ги интересираат спомениците.
На прашањето дали на местото каде што беше споменикот пред судот, е подобро дрво или фонтана да има, граѓаните велат:. „Јас сум за зеленило секогаш“, „Дрвата се есенција, не можеме да бидеме без нив“. Граѓанката која предлага фонтана вели: „Фонтана, фонтаните придонесуваат за поубаво „Фенг шуи“, а поубавото „Фенг шуи“ предизвикува подобра психологија“.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“