Реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести денеска е пуштена во употреба. Оваа операциона сала е во склоп на оперативниот блок кадешто има четири операциони сали.
Станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории, соба за одмор и соба за премедикации на околу 150 квадратни метри.
Вкупната вредност на инвестицијата е 15 милиони денари, обезбедени од Фондот за здравство и од донации.
Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настанот, рече дека на Клиниката за ортопедски болести годишно се изведуваат 1.
600 операции, а со реновираната операциона сала ќе се прават и до 2. 000 оперативни зафати на годишно ниво.
Меџити нагласи дека оваа сала не била во употреба од 2017 година и со нејзиното реновирање сериозно се зајакнуваат капацитетите на установата.
– Оваа Клиника е пример за успешно менаџирање на јавно-здравствена установа. Пред три години комплетно беше реновирана Клиниката, а исто така се изведе и првата трансплантација на коска во државата.
Пред еден месец, од Буџетот на Министерството набавивме нов артроскопски столб наменет за пациентите.
Редовно се инвестира во нова опрема, импланти и се вложува во здравствените работници, рече Меџити.
Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека инвестициите и реформите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата, посочувајќи дека и во време на најголемата здравствена и економска криза овој процес не застанал, а како резултат на тоа во изминатиот период биле пуштени во употреба голем број реновирани здравствени објекти.
– Сево ова претставува само еден мал сегмент на она што се прави во целиот систем на здравството и она што ќе се прави на оваа Клиникасо оглед на тоа што преостануваат уште три сали да бидат комплетно реновирани, дополнително и делот на КАРИЛ што ќе започне со комплетно реновирање.
На тој начин ќе имаме многу посовремени услови на здравството што нашите пациенти го заслужуваат, рече Ковачевски.
Медицинскиот директор на Клиниката, д-р Александар Трајановски рече дека она што се прави, се прави за пациентите и за подобра здравствена услуга.
Тој нагласи дека пациенти со ортопедски проблеми генерално многу ретко одат во приватното здравство.