Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари. Како што соопштија членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“, колективно дале откази од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.
Главниот уредник Милан Чулибрк се повлекува од својата позиција, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман.
Во Србија, членовите на колегиумот и редакцијата на неделниот весник „НИН“ поднесоа оставка до новата сопственичка, Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причината, велат тие, е најавата за промена во концептот на весникот и фактот дека тие не се убедени дека ќе можат да работат како порано, бескомпромисно и професионално. Јунајтед медија денеска излезе со соопштение, во кое наведува дека наскоро ќе основа нов неделник на српскиот пазар во кој целата редакција на НИН ќе продолжи да функционира, пренесува телевизијата Н1.
„НИН“ беше еден од ретките медиуми што имаше критички став кон режимот на српската прогресивна партија и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.