Организаторот на првиот сезонски гренд-слем тениски турнир, Отвореното првенство на Австралија, пред стартот на годинашното издание му оддаде признание на најдобриот играч во „белиот спорт“, Србионот Новак Ѓоковиќ.
Најтрофејниот на АО, со десет титули Ѓоковиќ е рекордер по бројот на совоени гренд-слем титули, по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, освоените Мастерс турнири, години кога заврши на првото место на АТП листата… Новак е убедливо прв кога се во прашање трофеите освоени на Австралија опен – моментално има 10, а најблиски следбеници кои имаат по шест и повеќе немаат можност да се израмнат и да го надминат, бидејќи се во пензија. Поради сите достигнувања Ѓоковиќ е крал на тенисот, особено во Австралија, каде од понеделник ќе ја започне битката за единаесеттиот трофеј.