Артан Груби во емисијата на 24анализа појасни дека полуинформирани медиуми и голем дел од јавноста дури и негови колеги не праведно го обвиниле Беким Незири и ДУИ за упадот во М-НАВ.
Тој со ова индиректно упати на Министерката Петровска која е единствениот министер и колега на Груби кој досега во текот на вчерашниот ден го повика судот да ја преиспита одлуката за притвор по упадот во М-НАВ.
За потсетување вчера Министерката Петровска укажа Судот да си ја преиспита одлуката за МНАВ и да ја сфати сериозно соостојбата затоа што настанот се случил во контрола на летање, објект на критична инфраструктура.
-Лично јас не се сложувам и мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката. Не сакам апсолутно да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, меѓутоа целата оваа ситуација ќе треба посериозно да ја сфатат. Ќе имаат веројатно дополнително време, убедена сум дека извршните органи или МВР одлично ќе си ја заврши и ја заврши до тука својата работа. Меѓутоа треба да се има предвид целокупното законодавство во РСМ, но и меѓународно преземените обврски, рече Петровска.
Таа потврди дека за инцидентот имало интерес од претставници на НАТО, бидејќи два авиони на Алијансата, дента на упадот на групата на Беким Незири летале кон Скопје.
-Комуникацијата која ја имаме на секојдневна основа, но на различни нивоа, дека биле поставувани прашања во рамки на тоа што се случува асполутно, да. Официјална писмена реакција, барем до Министерството за одбрана нема. Меѓутоа, секој вид на комуникација ние го сметаме можеби не за загриженост, туку за заинтересираност за тоа што се случува што е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден, на аеродромот во Скопје слетаа два авиона од НАТО-земји членки со определна намена, така што јасен е интересот на земјите членки на НАТО кои што го изразуваат ова. Многу е важно, кога што и да се случи како оваа ситуација во М-НАВ, да постои реакција и да постои соодветно постапување, посочи министерката.
Таа оцени дека владата со разрешувањето ја завршила работата, а сега останува на другите институции.