Ердоган: Израел мислеше дека нема да возвратиме, беа изненадени

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека притворањето на десетина лица под сомнение дека шпионирале за Израел е само „прв чекор“ и „јасен одговор на оние кои и се закануваат на Турција“.

Говорејќи на настанот на прославата на 97-годишнината на Турската национална разузнавачка агенција (МИТ), тој рече дека притворите зад МИТ и турската полиција „сериозно го изненадија Израел“.

-Нашата разузнавачка организација, која ја откри израелската шпионска мрежа кај нас, даде многу јасен одговор на оние кои ни се закануваат. Секако, ова сериозно го изненади Израел – рече Ердоган.

Судот во Истанбул нареди 15 лица приведени под сомнение за шпионажа да останат во затвор, додека другите 19 ќе бидат слободни да го чекаат судењето, најави турскиот министер за правда.

Инаку, осомничените беа уапсени минатиот вторник за наводно планирање активности кои вклучуваат „извидување“ и „прогон, напад и киднапирање“ на странски државјани кои живеат во Турција.

По почетокот на израелските воени активности во Појасот Газа, односите меѓу Турција и Израел станаа затегнати.

Ердоган постојано ги обвинуваше и напаѓа Израелците, нарекувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

Треба да знаете
Последни објави