По финансиската полиција кој во вторникот влезе во М-НАВ, денеска претпријатието го посетија и тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). М-НАВ е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.
Бидејќи документацијата е обемна и голема инспекторите и утре ќе вршат надзор, вели Весна Томовска директорката на Инспекторатот. Таа вели дека ќе ја разгледуваат документацијата околу вработувањата, како и тоа дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.
Инспекторите на ДИТ во М-НАВ влегоа по последните настани во оваа институција кои резултираат со смена на двајца од тројцата директори, по што најавениот штрајк на Синдикатот на контрола на летање е ставен во мирување.