Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Како што најавија од владината прес-служба, повод на посетата е целосно реновирана операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.