Рецепт за топло чоколадо што го активира центарот на среќата

Омилен пијалок во зимските денови за многу луѓе е топлото чоколадо. Покрај задоволството за непцето, неколку голтки од овој кремаст деликатес ќе го заштитат кардиоваскуларниот систем, ќе ја ублажат кашлицата и ќе ги смират стомачните тегоби.

Состојки

150 гр чоколадо со 60% какао

200 мл полномасно млеко

200 мл слатка павлака

1 лажичка кафеав шеќер

прстофат сол

по желба малку цимет

по желба, колачиња од бел слез

Подготовка

Чоколадото исечкајте го на што помали парчиња. Измешајте ги млекото и павлаката и истурете ги во тенџерето и ставете да се варат на средна температура.

Штом смесата ќе зоврие, прелијте ја со сечканото чоколадо и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса, доколку се формираат грутчиња нежно кршете ги со жица за матење.

На крајот додадете прстофат сол што ќе го подобри вкусот на чоколадото и малку цимет по желба.

Совет: Во топлото чоколадо наместо цимет, додадете малку морско оревче, рендан свеж ѓумбир или чили во прав.

Треба да знаете
Последни објави