Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кажа што мисли за поразот од Реал Мадрид (3:5) во полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.
– Им кажав на играчите дека одиграа одличен натпревар. Бевме блиску до победа и мора да научиме од овој пораз. Имаше многу позитивни моменти во нашата напаѓачка игра. Во одбраната направивме многу грешки. Ако тимот се брани лошо, тоа е грешка и на тренерот, изјави Симеоне за „Марка“.
Во следниот натпревар Атлетико повторно ќе игра против Реал Мадрид. Средбата ќе се одржи во рамките на Купот на Шпанија на 18 јануари.