Во Македонија се до крајот на оваа недела ќе имаме сув студ и стабилно време без врнежи, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.
Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Што се однесува до максималните дневни температури, тие на многу места ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, што значи дека студено ќе биде и преку ден.
Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота поовремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -3 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 4 степени.
Нов бран на локални врнежи од дожд и снег ќе имаме во понеделник и во вторник, но детална анализа околу ова следува во следните метео објави.