Интегрален текст од изјава на Изет Меџити од Европски Сојуз за Промена:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Европската Унија, преку холандскиот амбасадор, информираше дека ДУИ стана главна кочница за интеграцијата на земјата во Европската унија.
Забелешките од меѓународните партнери доаѓаат едно по друго. Реагираше амбасадорот на ЕУ, дека се злоупотребува европското знаме за да се загуши дебатата.
Реагирше силно амбасадорката на САД, почитуваната госпоѓа Ангела Агелер, заклучувајќи дека во Република Северна Македонија постои епидемија на корупција, и никој од власта не се загржи дека толку важен партнер како што е САД го кажува ова.
Понатаму, со емпириски и графички податоци, излезе извештајот на Европската комисија, кој воопшто нема да се двоумиме да го наречеме скандалозен и најлош досега, каде што на секоја страница од овој извештај ја гледате констатацијата ‘no porgress was made’ и повторно никој не го сфаќаше ова сериозно. Напротив, за своите неспособности се обидоа да ја обвинат опозицијата.
Почитувани граѓани, вчерашниот состанок на амбасадорот на Холандија, неговата екселенција Дирк Јан Коп и Али Ахмети, како и пораката пренесена на овој состанок од страна на амбасадорот, уште еднаш даде до занење пред пошироката јавност дека ДУИ е вистинската пречка за интеграцијата на земјата во ЕУ, со сите нивни антиевропски и антидемократски дејствија и нивните секојдневни коруптивни скандали. Овој состанок беше најтешкиот удар на последната лага на ДУИ, за така наречениот Европски фронт.
Јасно се гледа дека и меѓународните партнери веќе сфатија дека зборовите на ДУИ не се совпаѓаат со нивните постапки и нивната манипулација е она што ги држи заложници граѓаните на Северна Македонија за да бидат дел од европското семејство.
Доброто во оваа работа е што деновите им се изброени и на граѓаните им е јасно дека на следните избори ќе се одлучи помеѓу Европскиот Сојуз за Промена од една страна, кои се стремат кон вистинска борба против криминалот и корупцијата, да ја вратат демократијата и да го вратат владеењето на правото, а од друга страна на овие другите кои го гледаат единствениот спас во враќањето на Никола Груевски, затоа и целиот овој притисок за разрешување и линчување беше концентриран токму кај претседателката на Врховниот суд, г-ѓа Беса Адеми, бидејќи таа се спротивстави на овој притисок.
Европскиот Сојуз за Промена ветува дека ќе ја донесе промената која граѓаните ја заслужуваат, еднаш и засекогаш. По 8 мај ќе дојде една влада која ќе спроведе непристрасна правда и правна држава каде што криминалот и корупцијата нема да имаат место.