ЦУК: Повозрасно неподвижно лице најверојатно настрадало во пожар во Аеродром

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул.

„Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице. Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.

Треба да знаете
Последни објави