Германија ќе го брани Израел во Хаг од обвинувањата за геноцид во Газа

Германската влада соопшти дека ќе зборува во одбрана на Израел како трета страна пред Меѓународниот суд на правдата, негирајќи ги обвинувањата дека Израел врши геноцидни дејствија во Газа.

– Сојузната влада на Германија ги отфрла обвинувањата за геноцид против Израел. Тоа е неосновано – изјави германскиот амбасадор во Израел Штефен Зајберт во објава на социјалните мрежи.

-На главната дебата Германија затоа ќе го искаже својот став како трета страна. Продолжуваме да ја поддржуваме работата на МСП како што тоа го правевме со децении – објави германскиот амбасадор на мрежата Х.

Треба да знаете
Последни објави