Бизарна причина зошто луѓето изневеруваат во врски

Финансиските проблеми можат да влијаат на односот на паровите во врска или брак, но дали знаевте дека парите влијаат и на одлуката за изневерување?

За некои, заработувањето помалку пари од партнерот го повредува нивното его, а според студијата на Универзитетот во Конектикат од 2016 година, луѓето кои се финансиски зависни од своите партнери имаат поголема веројатност да извршат прељуба, пишува Your Tango.

Истражувачите анкетирале 2.527 луѓе во текот на 10 години за да ја проценат динамиката на нивната врска. Студијата покажа дека машките и женските учесници кои пријавиле дека заработуваат помалку од нивните партнери се чувствуваат мотивирани да изневеруваат.

Водачот на истражувањето Кристин Ел. Мунш вели дека „и за мажите и за жените, економската зависност е поврзана со поголема веројатност да се вклучат во неверство“, но дека мажите кои се финансиски зависни од жените се повеќе склони кон неверство.

Зошто мажите кои се во врска или се во брак со жена која заработува повеќе од нив имаат поголема веројатност да изневерат? „Мислам дека тоа е поврзано со нашите културни идеи за тоа што значи да се биде маж и какви се општествените очекувања за машкоста“, вели Мунш.

Ако мажот е зависен од неговата сопруга за финансискиот аспект на животот, тоа може да биде закана за неговото его, па аферата им овозможува повторно да ја воспостават својата мажественост.

Треба да знаете
Последни објави