(ВИДЕО) Украинец во одело за нуркање со пераи се обидел да го преплива Днестар и да избега

Украински граничари вчера од реката Днестар во областа Виница извлекоа маж кој се обидел илегално да ја премине границата. Според граничарите, 35-годишен маж од Харков се обидел да доплива до Молдавија во нуркачки костим со пераи, пишува „Украинска правда“.

„Пливачот кој почнал да го препливува растојанието до брегот на соседната држава бил откриен навреме од граничен полицаец. За да спречат прекршок и несреќа, граничните полицајци употребиле чамец и го извлекле човекот од водата. Пливачот веднаш бил однесен на локација каде му дале чај за да се загрее, велат граничарите.

Граничарите споделија видео од операцијата на YouTube. На видеото се гледа како чамецот се движи околу човекот во водата. Потоа две лица од чамецот му помагаат на човекот да се качи во пловилото. Против мажот е составен записник за прекршок поврзан со „незаконско преминување или обид за илегално преминување на државната граница на Украина“. Предметот е проследен до судот кој ќе одлучува за казната.

Големата истрага на Би-Би-Си на крајот на минатата година покажа дека речиси 20.000 мажи ја напуштиле Украина од почетокот на војната за да избегнат мобилизација. Други 21.113 мажи се обиделе да побегнат, но биле фатени од украинските власти, потврди Киев. По руската инвазија, на повеќето мажи на возраст меѓу 18 и 60 години им било забрането да излегуваат од земјата.

Треба да знаете
Последни објави