Домашниот чај прави чуда за косата

Чајот од нане е нешто што дефинитивно го имате во вашата кујна, но дали знаевте дека можете да го користите и за здравјето на вашата коса? Нането уште од античко време е познато како многу корисен лек за целокупното здравје, а доколку го користите како средство за плакнење на косата, ќе забележите дека вашата коса има сосема нов сјај.

Го намалува првутот
Чајот има силно антиинфламаторно дејство, делува така што го смирува скалпот и спречува негово иритација и воспаление. Според научниците, ова е корисно не само за спречување на првут, туку и за ублажување на симптомите на псоријаза.

Сјајна коса
Соединенијата кои се наоѓаат во чајот можат да ги балансираат нивоата на Ph на скалпот, нормализирајќи го производството на маснотии на скалпот. Ова е корисно за луѓето со мрсна коса, како и за оние со малку посува коса бидејќи овој чај делува така што ја храни и хидрира косата, ја неутрализира сувоста и спречува првут.

Дава свежина на косата и убав мирис
Без разлика дали ви се допаѓа вкусот на нане, мора да признаете дека мириса многу убаво. Ако ја исплакнете косата со чај од нане, таа ќе мириса свежо и чисто.

Треба да знаете
Последни објави