Ковачевски со највисоки државни почести го пречека премиерот на Ирска

Македонскјиот премиер Димитар Ковачевски, денеска, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, го пречека ирскиот колега, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава.

Ова е прва официјална посета на ирски премиер на Македонија, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

По средбата на двајцата премиери, следува билатерална средба на двете делегации. По одржувањето на билатералната средба, премиерот Ковачевски и премиерот Варадкар ќе одржат заедничка прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави