Голем дел од државите на САД се погодени од снежн бур што доведе до 2.000 откажувања на летови денес и повеќе од 10.000 доцнења, според сајтот за следење летови FlightAware.
Се очекув снежно невреме да продолжи и во нредните денови и да ја погоди цела САД, од државата Вашингтон до Мејн, објави НБЦ њуз.
Државите во средниот запад и регионот на Големите езера се подготвуваат за услови на интензивна снежна бура, додека експлозијата на арктичкиот воздух предизвикува опаѓање на температурите на северозапад и низ делови од рамнините.
Предупредувањата за силен ветер се на сила во поголемиот дел од источната половина од земјата, а метеоролошката служба соопшти дека се можни торнада во Мисисипи и Тенеси, бидејќи силните грмотевици се движат низ југоисточниот дел.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул изјави дека ја активирала Националната гарда пред претстојната зимска бура што ќе ја погоди државата и дека ќе прогласи вонредна состојба во западниот дел на Њујорк.
Опремата е веќе распоредена и 100 членови на Националната гарда утре наутро ќе пристигнат во западен Њујорк. Поставени се генератори низ целата држава пред невремето, а ќе бидат отворени и центри за затоплување.