Пожар во пензионерски дом во Скопје, едно лице пренесено во болница

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Ангел Димовски“ (пензионерски дома) во општина Аеродром настанал пожар во станот на О.М.(72) од Скопје. За среќа нема повредени а на повозрасната жена и била укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради вдишување на чад.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил навремено изгаснат.

Треба да знаете
Последни објави