Регистрирани серија земјотреси од епицентралното подрачје Преспа

Серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почувствувани од страна на граѓаните, регистрирааше во изминатото деноноќие Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес бил регистриран во 00:32 часот, со епицентар 120 километри јужно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

– Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Вториот земјотрес е регистриран во 1:31 часот, со епицентар 124 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, а со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Третиот земjотрес е во 1:33 часот, со епицентар 123 километри југозапдно од Скопје. Тој бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет од два – три степени според Европската макросеизмичка скала. 

Треба да знаете
Последни објави