СЛЕДУВА МНОГУ СТУДЕН ВИКЕНД: Големо затоплување и натпросечно високи температури кон крајот на следната седмица!

Метео-анализа на Славчо Поповски

Како што претходно најавивме, за време на овој викенд и понатаму во Македонија продолжува сувиот студ, а особено наутро температурите понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, па така на многу места максималните дневни температури ќе се искачат само за неколку степени над нулата.

И во Скопје ќе имаме слично време, стабилно, суво и студено. Особено наутро температурата се очекува да се спушти и под -5 степени. Максималната температура ќе се искачи само за неколку степени над нулата.

Да напоменеме дека денес и утре ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Нови локални врнежи од дожд и од снег ќе има во понеделник и во вторник. Поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на следната седмица кога температурите ќе бидат натпросечно високи и понекаде ќе се искачат дури до пролетни 17 степени.

Треба да знаете
Последни објави