Трамп: Фрламе бомби низ целиот Блиски Исток, а Остин води војна од болничка соба

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави „фрлаат бомби низ целиот Блиски Исток“, додека министерот за одбрана Лојд Остин „ја води војната од неговиот лаптоп во болничката соба“.

„Значи, само да разјасниме. Повторно фрламе бомби низ целиот Блиски Исток, а нашиот секретар за одбрана, кој е исчезнат пет дена, води војна од својот лаптоп во болничка соба“, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој додаде дека станува збор за „истата банда која се предала во Авганистан, за што никој не одговарал, и никој не бил отпуштен“.

„Тоа беше најсрамниот момент во историјата на САД. Сега имаме војни во Украина, Израел и Јемен, но нема „војна“ на нашата јужна граница. О, тоа има многу смисла. Корумпираниот Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата на САД“, заклучи Трамп.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, претходно денеска изјави дека САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американските и британските сили започнаа напади против јеменските бунтовници Хути.

Тој изјави дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој беше хоспитализиран на 1 јануари поради инфекција, бил „активно ангажиран во надгледувањето и насочувањето на овие напади“.

Јеменската милитантна група Хути претходно денеска објави дека пет нејзини борци се убиени, а шестмина се ранети во американско-британските напади врз нејзините позиции.

Треба да знаете
Последни објави