„Уловен“ е возач кој управувал автомобил со брзина од 211 километри на час !

На делница од автопатот Велес – Неготино „уловен“ е возач кој управувал автомобил со брзина од 211 километри на час, на место каде дозволената максимална брзина е до 120 километри на час, информираа денеска од СВР Велес.  – Денеска полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат ,,Пријателство”, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час, се вели во извештајот од СВР Велес. 

Треба да знаете
Последни објави