Хамас: САД и Велика Британија ќе бидат виновни за влошувањето на безбедноста во регионот

Палестинската милитантна група Хамас денеска остро го осуди американско-британскиот напад врз воените цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен.

Хамас во соопштението рече дека САД и Велика Британија ќе сносат одговорност за влијанието на тој напад врз влошувањето на безбедноста во регионот.

САД, Обединетото Кралство и сојузниците започнаа воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите како одговор на нивните напади врз бродови што пловат по Црвеното Море. 

Треба да знаете
Последни објави