Американски магазин: Која е поврзаноста на бранот криминал во Еквадор и албанската мафија

Албанскиот организиран криминал почна да мигрира во Еквадор во 1990-тите, привлечен од можноста за здружување на силите со успешните локални картели и релативно слабите гранични контроли. Албанците до неодамна можеа слободно да влегуваат во Еквадор без виза. Таа политика заврши кога Еквадор воведе построги визни барања во 2020 година, пишува магазинот Americas Quarterly, пренсува N1.

Според ова списание, приближно 33 проценти од кокаинот запленет во Еквадор во 2021 година бил наменет за европските пазари, во споредба со само девет проценти во 2019 година. Балканот е клучен нов центар во оваа „доходовна интерконтинентална трговија“ (вредна 10 милијарди долари во 2017 година), при што албанските банди играат сè позначајна улога од двете страни на екваторот.

Со операциите за борба против наркотици кои се прошируваат низ Бразил, Колумбија и Перу, Еквадор стана примамлива дестинација за странските трговци со луѓе. Корупцијата го олеснува купувањето лажни документи, како лични карти, пасоши и извозни дозволи. Повеќето познати албански криминалци живеат во Гвајакил, често под лажни идентитети.

Балканските медиуми не штедеа детали за тоа како албански, колумбиски, мексикански, па дури и руски картели се борат за контрола на Гвајакил. Најмалку шест Албанци загинаа во „бандитски судири“ во последната деценија. Некои еквадорски разузнавачки извори сугерираат дека Албанците регрутираат доминантни локални банди како „омилени партнери“, додека други извори велат дека Албанците на крајот имаат за цел да го контролираат целиот синџир на снабдување.

Албанската мафија, наводно, прибегнува кон мноштво трикови во трговијата со дрога, од користење лажни компании за испраќање кокаин во пратки со банани, чај и ракчиња до клонирање царински марки. Малку од ова би било можно без „кимање“ од официјалните лица.
Еквадорските разузнавачки служби долго време ја држат под надзор албанската мафија. Операцијата Балкан во 2014 година заврши со апсење на водачот на групата, Рамзи Аземи и уште 11 членови на бандата, меѓу кои и државјани на Албанија и Еквадор.

Еквадорската полиција и обвинителството ја обвинија организацијата за складирање на кокаин во Гвајакил наменет за Европа. Аземи побегна од притвор еден месец подоцна, повторно се појави во Европа во 2017 година, а подоцна беше уапсен во Германија.

Аземи сè уште се соочува со кривични пријави во Еквадор, вклучувајќи го и убиството на неговата сопруга од Еквадор и албанско-црногорскиот бегалец Фадил Качаниќ.

Еквадорските власти допрва треба да ги објават своите наоди во случајот, па дури и да го признаат присуството на странски државјани поврзани со „бруталната балканска мафија“.

Два различни разузнавачки извори отидоа дотаму што сугерираа „заговор на високо ниво“ меѓу еквадорската полиција и албанската мафија.

Треба да знаете
Последни објави