Албанец кој работел во Тетово е пронајден мртов

МВР извести дека вчера во 19 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовското село Порој, во објект на градежна фирма, А.Н.(43) од Р.Албанија, кој бил вработен во истата фирма, бил пронајден починат.

„Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Телото на починатиот е предадено на обдукција“, извести полицијата.

Треба да знаете
Последни објави