Атлетик Билбао го доби дербито на Баскија

Фудбалерите на Атлетик Билбао го добија дербито на Баскија, едно од најголемите во шпанскиот фудбал.

На домашен терен Атлетик славеше над Реал Сосиедад со 2:1 во 20. коло од шпанската лига.

Атлетик одличната игра во првиот дел ја круниса со два гола. Во интервал од 13 минути стрелец беше Алехандро Беренгер во 30. и 43. минута.

Во 87. минута фудбалерите на Сосиедад успеаја само да го намалат резултатот на 2:1, а во листата на стрелците се запиша капитенот Микел Ојарзабал.

Треба да знаете
Последни објави