Двајца потешко повредени откако со автомобил излетале од патот

Двајца беровци се тешко повредени откако со автомобил излетале од патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат село Смојмирово – Виница, во близина на селото Мачево, беровско, патничко моторно возило „пасат“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Г., на возраст од 41 година, од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П., на возраст од 43 години, од Берово. Со телесни повреди се здобила Д.Т., на возраст од 28 години од село Смојмирово, беровско, констатирани во Медицински центар Штип, се појаснува во соопштението.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово

Треба да знаете
Последни објави