И денеска ќе можат да се подигнат документи од шалтерите во МРТВ и Беко

И денеска (сабота) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Работното време, како што информира МВР, е од 8 до 16 часот. 

Вчера, премиерот Димитар Ковачевски потврди дека личните документи за внатрешна употреба (лична карта и возачка дозвола) со старото име ќе продолжат да бидат важечки и по 12 февруари.

Треба да знаете
Последни објави